Електро-механички дозатори за маст

Идеално економично решение за подмачкување на:

  • тешко достапни места;
  • позиции кои се наоѓаат во опасни работни услови;
  • позиции кои бараат секојдневно подмачкување.

Easulube електро-механичкиот дозатор на маст овозможува точно, прецизно, континуирано и доверливо дозирање на маст во лежиштето со елиминација на човечкиот фактор. Поддржано е со софтверска апликација за контрола и следење што во значителна мера го намалува факторот – грешка.

RFID технологијата ни овозможува брзо и точно следење и пренесување на информациите за подмачкување на и од терен. Тоа до значителна мера го олеснува целиот процес на следење и контрола на подмачкувањето.

EasyLube Patrol Management System се состои од три компоненти:

  1. Easylube RFID дозатор за маст или RFID налепница
  2. Guаrdwatch апликација за мобилен телефон
  3. PMS апликација за компјутер

EasyLube електромеханички дозатор за маст

  • Доверливо автоматско дозирње на маста при секој циклус
  • Можност за подесување од 1 до 12 месеца
  • Работи со минимум притисок
  • LED идикатор
  • Чашка за маст која се дополнува (150ml и 250ml)
  • Може да работи во услови на вибрации, отпорен е на корозија, прашина и влага