Емулзии за обработка на метали

Течностите за обработка на метали се користат при механичка обработка на метали и имаат функција на подмачкување, ладење, одстранување на струшка и заштита од корозија. Типот на течност која се користи зависи од металот кој се обработува и од начинот на обработка. Алфатек ви нуди висококвалитетни течности за обработка на метали од програмата на Chemtool и Quaker.

 

Одржување на течноста за обработка на метали

За одржување на добра работна средина и продолжување на рокот на употреба на течноста која се користи како и максимално искористување на карактеристиките и својствата кои ги има, потребно е постојано следење и контрола на истата. Она на што треба да се посвети посебно внимание е контрола на:

  • концентрацијата;
  • pH- вредноста;
  • присуство на бактерии и габи;
  • загаденост на резервоарот;
  • квалитет на водата.

 

Алфатек ви стои на располагање за консултација при изборот на металорезачка течност според намената но и целосна поддршка во следењето и контрола на течноста.