Easy Bar - Подмачкување на ротациони печки и сушари

EASY BAR® е цврсто средство за подмачкување на ротирни печки и сушари со вид на плочка. EASY BAR®е патентиран микс на минерални и метални подмачкувачи кои почнуваат да се топат на околу 49ᴼС со екстремно висока точка на самозапалување од 538ᴼС. Самото ротирачко движење на печката овозможува компонентите на Easybar да се распределат прецизно до потребните места и да обезбедат врвно подмачкување.

Easy Bar е ОЕМ средство за подмачкување за Metso Minerals и ротирните печки на Andritz. Easy Bar е препорачан од водечките производители на ротирачки печки во 30 земји.

Придобивки:

  • Значително го олеснува пролизгувањето помеѓу прстенот и плаштот на печката;
  • Навлегува во површинските нерамнини создавајќи подмачкувачки површински слој;
  • Го продолжува работниот век на лизгачките површини.